А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Центарот за културно наследство со поддршка за референдумот за ГТЦ

by А1он20/03/2015 - 10:3620/03/2015 - 12:18145
Share0

„Центарот за културно наследство изразува јавна поддршка и ја поздравува иницијативата за референдум во  во Општина Центар за зачувување на автентичниот изглед  на Градскиот Трговски Центар – Скопје.

Добивај вести на вибер

Во согласност со а базичните определби  на нашата организација  поврзани со активности за подобрување на  демократските процеси во општеството  и зголемување на граѓанската партиципација во заштитата на културното наследство,сметаме дека референдумот ќе овозможи пројавување на  граѓанската воља и институционално ќе ја авторизира  како конечно решение. Во изминатите години  преку низа манифестации граѓаните  јасно ја искажаа нивната  воља за зачувување на  Градскиот трговски центар како  свое културно наследство со препознатливи  културни и социолошки вредности.Од овде ,никој нема право  од било кое ниво на власт да им наметнува  туѓо културно наследство“, велат од Центарот за културно наследство.

„Токму затоа ја поддржуваме  иницијативата за овој прв граѓански референдум во Центар која претставува  значаен исчекор во развојот на граѓанското општество и активното учество  на граѓанинот во процесот на донесување одлуки.Одбраната на овој објект од агресијата на власта и одредени центри на моќ треба да покаже дека начинот  на кој се посегнува по било кое културно наследство мора да биде во иднина санкциониран  со Закон .Според нас,тоа ќе бидат главните  придобивки од референдумот ,чие значење го надминува  актуелниот проблем добивајќи  поширока димензија во правец на  воспоставување на механизми и практики за идна партиципација и консултација на граѓанскиот сектор општо.Истовремено, испраќаме апел до сооветниците на Општина Центар да ја подржат иницијативата за референдум, со што директно би им овозможиле на граѓаните да го реализраат своето уставно загарантирано право“, пишува во соопштението на Центарот за културно наследство.

gtc

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ14/11/2023 - 12:2714/11/2023 - 12:28

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ14/11/2023 - 11:4214/11/2023 - 12:05

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов15/12/2022 - 16:3615/12/2022 - 17:02

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски12/12/2022 - 10:1712/12/2022 - 11:31

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов25/07/2022 - 15:4125/07/2022 - 17:36

Дуќанџиите во ГТЦ: Проектот „Гранд“ ќе го заживее Градскиот трговски центар

Ана Ололовска03/12/2021 - 13:0603/12/2021 - 13:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен