Целосно префрлување на онлајн настава поради дојавите за бомби е една од опциите за кои размислува МОН

Од:

Министерот Јетон Шаќири откри дека во МОН се размислува и за опцијата за целосно префрлување на онлајн настава поради лажните дојави за бомби, но дека одлуката ќе се донесе брз основа на препораките на безбедносните институции и откако ќе се разгледаат сите аспекти.

– Бројот на училиштата е висок, не можат да се направат препораки за еден час секаде за да се вратат децата во клупите. Ако е целта на овие дојави за бомби е да се работи онлајн, не е лесно да се донесе одлука само за Град Скопје или за цела држава. Таа одлука ќе треба да се однесува и за основните школи. Ќе се земат најдобрите искуства од другите земји, ќе се разгледува можноста во комуникација во електронска форма – рече Шаќири.

Тој како министер е против да се организира онлајн настава во целост, но одлуките МОН ги носи врз основа на безбедносните информации од другите институции.

– Јас како министер сум кажал дека сум против онлајн настава. Но, ова се препораки за да не се загуби настава, ќе ги разгледаме проблемите во училиштата,. Имаме родители кои работат, ќе разгледам нови предлог решенија. Во почетокот дојави имаше кај средношколкците, а сега и кај основците што отвора нов проблем. Матурите ќе се организираат, работна група ќе ги разгледа сите аспекти – додаде првиот човек во образованието.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 770 училишта во Британија добија закани за поставени бомби

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

Бран закани со бомби ги потресе европските аеродроми: Најмалку 27 авиони се цел

(ВИДЕО) Серија закани за поставени бомби во авиони

Горан Наумовски

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“