Царовска: Учеството на жените во безбедноста ќе донесе повеќе мир во светот

Од:

На Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа конференција насловена „Женско лидерство во областа на безбедноста на Република Северна Македонија“. Конференцијата ја отвори министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која се осврна на важноста од промовирањето и унапредувањето на родовата еднаквост во безбедносните структури на земјата и пошироко, како клучен фактор за националните интереси и стратешките приоритети на Република Северна Македонија.

-Задоволство е да се присуствува на конференција на која зборуваме за родовата еднаквост во националните безбедносни структури, но особено е важно на вакви настани да имаме подеднакво мажи и жени кои со еднаква професионалност во областа, рамноправно дебатираат на темата. Имајќи ја предвид резолуцијата 1325 за учеството на жените во безбедносните структури, но и природата на жената како битие, верувам дека учеството на жените во одбраната и безбедноста ќе донесе повеќе мир во светот, затоа што жените секогаш се стремат проблемите да ги решат без војна, изјави министерката Царовска.

Повикувајќи се на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации, донесена во 2000 година, со која се афирмира улогата на жените во областа на одбраната и безбедноста, Царовска истакна дека таа одигра голема улога во начинот на кој меѓународната заедница пристапува кон спречување и решавање на конфликтите и ја промовира родовата еднаквост и зајакнувањето на жените како фактор за меѓународен мир и безбедност.

Во изминатите 18 години, Резолуцијата 1325 довела до прогрес, особено во нормативниот дел и во однос на тоа како Обединетите нации пристапуваат на прашањето за мир и безбедност. Застапеност на жените во мировните мисии, но и нивната застапеност и улога во преговарањето и носењето значајни одлуки, од носењето на Резолуцијата бележи значителен раст, но треба уште многу да се работи на ова поле.

-Останува глобален, но и наш национален предизвик за јакнење на жената и нејзиното учество во политичката, економската и социјалната сфера, како фактор што треба да придонесе кон премостувањето на разликите помеѓу мажите и жените. Наша задача е континуирано и посветено да работиме на отстранување на општествените причини за родова нееднаквост во јавното и приватното одлучување, обезбедување еднакви можности, ресурси и механизми за справување со насилство врз жените. Само на тој начин, можеме уште повеќе да ги зајакнеме желбата и мотивацијата за учество на жените и девојките во областите на безбедноста и мирот и да го зголемиме нивниот број, истакна Царовска.

Денешната конференција имаше за цел, преку учество на раководители и експерти од областа, детектирање на предностите и слабостите на женското лидерство во безбедносните органи и институции во земјава, како и анализа на актуелната состојба, реалните проблеми и предлог мерки за нивно надминување. Дополнително, адекватно вклучување на жените на лидерски места и функции и нивна поголема застапеност, согласно компетенциите, искуството и знаењата кои ги поседуваат.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Левица:Историчарите ги бојкотираат учебниците по концепција на Царовска

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Царовска: Основата за демократско и прогресивно општество е квалитетното образование

А1он

Дводневен Дигитален саем за средно стручно образование наменет за полуматурантите

А1он

Царовска: Создаваме генерации кои ќе бидат активни предводници на борбата за почиста планета и здрава животна средина

А1он