Царовска побарала наставниците да бидат дел од приоритетните групи за вакцининација

Од:

Министерката за образование и наука Мила Царовска изјави дека е поднесено барање до Министерството за здравство и до Комисијата за заразни болести, и наставниците да бидат дел во приоритетната група за вакцинирање и таа смета дека нивниот став е позитивен.

– Согласно овој тренд на вклучување на потребен кадар, ќе дојдат и наставниците на ред и тие ќе влезат во групата за вакцинирање. Тоа во наредниот период ќе ни обезбеди полесно и поедноставно функционирање на образовниот систем и секако поголем број на ученици во училиштата доколку имаме вакцинација во текот на летниот период, вели Царовска, коментирајќи зошто наставниците не се најдоа во приоритетната група за вакцинација, во која се вброени вработените во МВР, АРМ, медиуми, судови и обвинителство, возачи на ЈСП, пожарникари, воспитувачки во градинки и вработени на патарини.

Во однос на тоа дали следната година учениците ќе се вратат во училишните клупи, Царовска рече дека по завршувањето на оваа учебна година, согласно епидемиолошката ситуација во државата, ќе се разговара со Комисијата за заразни болести и со министерот за здравство се со цел да се донесат навремени одлуки за наредната учебна година.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци