МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

Од:

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во новата учебна 2024/2025 година во редовните основни училишта ќе бидат ангажирани над 1.000 образовни асистенти кои ќе помогнат во унапредување на воспитно – образовниот процес на учениците со попреченост и ќе им помагаат во секојдневното извршување на училишните обврски.

Образовните асистенти се ангажираат преку основните училишта со ресурсни центри, а согласно барањата на родителите и старателите на учениците со попреченост.

Според МОН, досега се целосно спроведени огласите за 815 образовни асистенти, а обезбедени се средства и согласности за дополнителни 200, кои по изборот преку јавни огласи, пред да бидат ангажирани, ќе поминат дополнителна обука за квалитетно извршување на предвидените работни обврски.

-Согласно Правилникот за норматив, опис на компетенции и работни задачи на образовен асистент, еден образовен асистент може да обезбедува поддршка на еден до три ученици со попреченост во иста паралелка. Доколку се случи ученик со попреченост да нема образовен асистент од првиот училиштен ден, училиштата се должни преку училишниот инклузивен тим, а во соработка со ресурсните центри да ја обезбедат потребната поддршка на ученикот за успешно почнување на образовниот процес. Училишниот инклузивен тим развива инклузивна стратегија за прием и адаптација на учениците со попреченост во наставата од самиот почеток на учебната година, наведува МОН.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Директорот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски ги уценува родителите на затруените деца

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

Училишните клупи празни, наставничките канцеларии преполни, велат од Левица

Горан Наумовски

Новата учебна година ќе почне за 245.000 ученици во основните и средните училишта

Нема да има пролетен распуст за учениците

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци