Царовска на состанок со директорите на училиштата: Успешно започна новата учебна година со физичко присуство

Од:

Oсновните и средните училишта успешно ја започнаа новата учебна година со физичко присуство, под пропишаните мерки за заштита и Протоколи. Во училиштата се обезбедени безбедни услови, а состојбата се менаџира на дневно ниво. Ова беше заклучокот од денешниот редовен состанок на директорите на основните и на средните училишта попладнево со министерката за образование и наука Мила Царовска.

Како што соопштија од Минстерството за образование и наука, генерално образовниот систем е добро подготвен и без потешкотии се се спроведува според планот.

– Би сакала да ви честитам на сите за максималниот ангажман за успешниот почеток и да продолжиме да работиме со истата посветеност и ентузијазам понатаму. Целта ни е заедничка, а тоа е квалитетно и современо образование за секое дете. Сите ние видовме колку е важно да се биде во училница, затоа апелирам на доследно почитување на протоколите, рече министерката Царовска.

Министерката посочи дека образовниот систем е подготвен со уште две резервни сценарија, а дали и кога ќе се применуваат ќе зависи од епидемиолошката состојба, за што проценка ќе прави и ќе одлучува Комисијата за заштита од заразни болести.

Како што соопштија од МОН, на состанокот се разговарало и за стартот на имплементацијата на реформските процеси, од оваа учебна година во прво и четврто одделение.

Директорите ја информирале министерката дека ги имаат обезбедено сите потребни дидактички материјали, нагледни средства, таблети и интерактивни табли кои се предвидени со новата наставна програма. Исто така, започнува спуштањето на дигиталните учебници до учениците од четврто одделение, а на првачињата веќе им се делат учебниците.

Учебници добија и учениците од другите одделенија кои ќе работат по старите наставни програми. Учебната година ја започнaa околу 187 илјади основци и 70 илјади средношколци.

Би можело да ве интересира

Царовска: Создаваме генерации кои ќе бидат активни предводници на борбата за почиста планета и здрава животна средина

А1он

Царовска: Извидничкиот камп никако не е поврзан ниту со МОН ниту со Бирото за развој на образованието

А1он

Бруцошите на Прв академски час, Царовска најави дека сместувањето во студентските домови најверојатно ќе почне од утре

А1он

Совет на Европа: Опсерваторија за учење историја за промовирање на нијансирано разбирање и критичко читање на минатото

А1он

Царовска од Крива Паланка: Социјалниот дијалог даде резултати, 1400 ученици во дуално образование

А1он

МЗ: Во Скопје има 139 основци и 70 средношколци заразени со Ковид-19

А1он