МОН: Учебната година започнува на 1. септември

Од:

Министерството за образование и наука информира дека учебната 2022-2023 година ќе започне на 1 септември и за оваа цел, веќе се усвоени и објавени Kалендарите за организација на работата на јавните средни училишта и на основните училишта во новата учебна година.

dobivaj vesti na viber

„МОН во соработка со Бирото за развој на образованието и другите надлежни институции и партнери интензивно работат на обезбедувањето на сите неопходни услови за успешен почеток и тек на наставата. Во тек се повеќе инвестициски активности за изградба на нови и реконструкција на постојни училишни објекти, за изградба на спортски сали, набавка на опрема за дел од училиштата, поставување на 265 кабинети по природни науки во основните училишта и слично“ се вели во соопштението од Министерството.

Оттаму потенцираат дека „втора година по ред продолжува етапната имплементација на најкрупната образовна реформа во основното образование која треба значително да го унапреди квалитетот на наставата, а училиштето да стане поинтересно место за младите“.

„По воведувањето на нови наставни програми за учениците од прво и четврто одделение минатата учебна година, сега нови наставни програми се подготвени и за второ и петто одделение, а во фаза на изработка се и нови учебници врз основа на истите, по сите предмети во соодветните одделенија. Сите постапки за одобрување на учебниците за прво, вторo, четврто и петто одделение за кои се изготвени нови наставни програми, се во различна завршна фаза на одобрување, така што, при евентуално пролонгирање на постапките и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето преку подготвени соодветни материјали, додека не ги добијат новите учебници“ соопштуваат од МОН.

Би можело да ве интересира

Нема продолжување на учебната година

А1он

Од утре децата без маски на училиште

А1он

Зголемен бројот на школски деца заразени со Ковид – 19, Петличковски смета дека нема простор за загриженост

Маја Илиевска-Пачемска

Второто полугодие ќе започне на 1 февруари со физичко присуство

А1он

Следува измена на наставните програми со цел завршување на учебната година на 10 јуни

А1он

Кризниот штаб вечерва ќе одлучува за продолжување на распустот

А1он