А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Учебната година заврши за средношколците, основците ќе имаат настава до 17 јуни

by А1он10/06/2024 - 10:17222
Share0

Учебната 2023/2024 година заврши за средношколците, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела.

Следете a1on на Instagram Instagram

Крај на учебната година на 17 јуни беше предвидено за сите ученици, но Министерството за образование и наука излезе во пресрет на барањето на Сојузот на средношколци.

-Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови (180) во основното образование. Во Законот за средно образование не е одредена законска обврска за точен број работни денови. Сите одлуки се донесуваат во консултација со тие што се засегнати. Сојузот на средношколци побара освен пролетниот распуст, заради административните постапки на запишување на децата во високото образование, средното образование да заврши на 10 јуни. Тоа го дозволуваше законот и ние тука постапивме, рече пред два месеца министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

И основците и средношколците првпат годинава имаа пролетен распуст од 29 април до 6 мај 2024.

Следете a1on на Youtube YouTube

Матурантите во изминатите две саботи ги полагаа двата екстерни испита од државната матура и резултатите треба да ги очекуваат најдоцна до 8 јули.

На полуматурантите, пак, овој месец им претстои запишување во средно образование. Пријавувањето и запишувањето на учениците во јунскиот уписен рок ќе биде во две пријавувања. Според Конкурсот за запишување во средно образование, првото електронско пријавување ќе биде од 20 до 25 јуни и второто на 1 и 2 јули.

Аплицирањето е електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука (e-uslugi.mon.gov.mk)

ucebna godina

Би можело да ве интересира

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст

Горан Наумовски10/06/2026 - 08:3410/06/2026 - 08:54

Крај на учебната година за средношколците, матурантите утре ќе полагаат втор екстерен испит

Горан Наумовски09/06/2023 - 07:21

МОН: Учебната година започнува на 1. септември

Горан Наумовски11/08/2022 - 15:2311/08/2022 - 15:28

Нема продолжување на учебната година

А1он10/05/2022 - 16:5110/05/2022 - 17:14

Од утре децата без маски на училиште

А1он29/03/2022 - 20:1729/03/2022 - 20:22

Зголемен бројот на школски деца заразени со Ковид – 19, Петличковски смета дека нема простор за загриженост

Маја Илиевска-Пачемска15/02/2022 - 15:2115/02/2022 - 16:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео