Зголемен бројот на школски деца заразени со Ковид – 19, Петличковски смета дека нема простор за загриженост

Од:

Бројот на школски деца заразени со Ковид – 19 изминатата недела бележи зголемување, но сегашната препорака за настава со физичко присуство останува. Претседателот на Комсијата за заразни болести Александар Петличковски смета дека нема простор за загриженост. На денешниот состанок, анализирајќи ја епидемиолошката состојба од изминатата недела утврдиле дека има подобрување во однос на претходната недела.

„Анализирајќи ја состојбата според индикаторите како број на нови позитивни новооткриени случаи, процент на позитивни тестови од сите направени, како број на вкупни случаи активни во државата, се забележува намалување, што значи и подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не ни дава за право да кажеме дека е добра епидемиолошката состојба. За тоа особено не потсетува возрасната група од 6 – 14 години каде што забележуваме зголемување на бројот на нови случаи. Тоа се школските деца кои ја тераат наставата во најголем дел со физичко присуство. Во моментот се уште нема простор за загриженост. Се следи состојбата и ние апелираме како Комисија, дословно да се следат протоколите за одржување на наставата со физичко присуство“, рече претседателот Петличковски.

Последната недела имало 320 заразени деца, а претходната биле регистрирани 200 заразени деца. Претседателот Петличковски смета дека 120 деца во 1000 училишта во државата не е загрижувачка бројка, но нагласи дека во секое училиште има координатори кои се во постојан контакт со епидемиолозите и онаму каде што има потреба веднаш се преземаат мерки за заштита од вирусот. Најголем број од новозаразените деца се во Скопје, но нема „бум“ во една општина, туку случаи има насекадe.

Тој апелираше до учениците и до родителите да соработуваат и да го прифаќаат тестирањето од најавениот скрининг за училишни деца. Со тестирањето ќе бидат опфатени 1800- 2000 деца низ цела држава, а се планира да почне следната недела. Целиот процес Комисијата очекува да заврши за една недела.

Анализата покажала дека возрасната група од 0 – 6 години е стабилна.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Крај на учебната година за средношколците, матурантите утре ќе полагаат втор екстерен испит

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември