Царовска на министерска конференција за стареење во Лисабон

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска учествуваше на Четвртата министерска конференција за стареење, која се одржа во Лисабон, Португалија, во организација на Економската комисија за Европа на Обединетите нации (UNECE).

Во рамки на конференцијата на која се дискутираше за овозможување достоинствен и активен живот на повозрасните лица и препознавање на нивниот потенцијал, министерката Царовска имаше излагање на тема: ,,Стареење со достоинство’’. Царовска оствари средба и со регионалната директорка на UNFPA (Фондот за население на Обединетите Нации), Алана Армитаж, на која се разговараше за приоритетите во идната соработка на оваа агенција на ОН со Република Македонија.

Kонференцијата на која учествуваа министри од 40 земји, заврши со усвојување на заедничка декларација за одржливо општество за сите возрасти.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување