Царовска: 40 деца од понеделник ќе одат во нова градинка во битолско Кравари

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царвоска, денеска присуствуваше на отворање на новата градинка во с. Кравари, Битолско. Објектот „Пролет 1“ е дел од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, има површина од над 200 м2, со двор од 500м2.

„Инвестираме повеќе пари во детската заштита и подобрување на условите за згрижување на деца од предучилишна возраст, а во овој процес посветуваме особено внимание на руралните средини кои со години беа запоставувани. Буџетот за проширување на капацитетите на градинките за следната година го зголемивме за 300%. Со овие средства ќе ги изградиме првите големи градинки во Македонија за последните две децении. Паралелно, го менуваме начинот на кој државата се грижи за децата, поставуваме нови стандарди и го подобруваме квалитетот на предучилишното образование“, изјави Царовска.
Новиот адаптиран простор „Пролет 1“ има капацитет за згрижување на 40 деца од 2 до 6 годишна возраст, со целодневен престој. Објектот „Пролет 1“ е адаптиран и опремен согласно сите стандарди на МТСП.

Градинката располага со две занимални, санитарна просторија за деца и кујна. За опремување на просторот МТСП издвои 696 илјади денари и обезбеди пет нови вработувања.

„Изминатата година и пол МТСП посветено работеше на изградба на нови и проширувањена постојните капацитети на детски градинки. Како резултат, отворени се 11 градинки со капацитет од 600 деца и обезбедени се 68 вработувања додека 13 градинки со капацитет за 682 деца и 97 нови вработувања ќе профункционираат до крајот на годинава. Тоа се 24 градинки, најголем дел во руралните средини кои со години беа заборавени дека постојат.

Министерството за труд и социјална политика неодамна обезбеди 30 милиони евра од Светска банка, од кои 16 милиони се наменети за изградба на нови градинки и проширување на постоечките обезбедувајќи простор за нови 7.000 деца. Паралелно ќе се зголемува и бројот на вработени со што се очекува во наредните четири години застапеноста на децата од 35 % да се зголеми на 50%“ се вели во соопштението на МТСП.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот