Бугарија ќе продолжи со поддршката за Македонија до полноправно членство во ЕУ и НАТО

Од:

Македонија и Бугарија ќе продолжат да соработуваат, а ќе продолжи и несебичната поддршка од Бугарија за нашата земја до полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Ова било заклучено на средбата на претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби со заменик претседателот на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева во рамки на официјалната посета на Република Бугарија.

Како што соопштија од Комисијата, Захариева констатираше дека чекорите што двете земји ги презедоа со потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка како историски чин, внесуваат нов дух на отворени и пријателски односи, засновани на европските вредности. Денешната официјална посета на Република Бугарија, таа додала, ја гледа како заедничка определба на двете држави, уште повеќе да ја зајакнат комуникацијата, соработката и пријателството и ќе дадат дополнителни позитивни ефекти во развојот на односите меѓу двете држави.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, кој ја предводи македонската собраниска делгација, Груби, пак, посочил дека во Софија доаѓа со очекувани и заслужени убави вести од Брисел за Македонија, непосредно по добивањето на чиста препорака за отпочнување на преговори со Европската унија. Во тој контекст, се наведува, Груби додаде дека добивањето чиста препорака, претставува потврда за храбро сработеното, потврда дека реформската влада и новото парламентарно мнозинство ја вратија земјата на евроатлантскиот пат, потврда дека Република Македонија е успешна приказна.

Груби до Захариева изразил благодарност за превземената иницијатива и демонстрираната заложба на Република Бугарија, како прв и непосреден сосед на Република Македонија, директно да ги помогне европските и евро-атлантските интегративни процеси, кои претставуваат наш, највисок приоритет, оценувајќи дека заедно ќе ја направиме 2018 историска и извонредна година за Република Македонија, за регионот и за ЕУ.

– Вратата кон Европската унија за Македонија е Софија, изјавил Груби, цврсто убеден дека ваквата афирмативна и позитивна клима ќе ја следат и останатите членки на ЕУ, стои во соопштението.

Делегацијата од Комисијата за европски прашања при македонското Собрание денеска во Софија оствари средба со Комисијата за европски прашања во бугарскиот Парламент при што постигнат е договор Бугарија да и помага на Македонија во подготовката за почеток на преговорите за члнество во ЕУ и за време на самите преговори.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина