Британскиот сој се очекува во наредниве месеци да стане доминантен во Македонија

Од:

Откако беше откриен првиот случај на британскиот сој на коронавирусот, доктор Горан Кунгуловски вели дека тој во наредниве месеци најверојатно ќе стане доминантен во Македонија.

„Сега за сега знаете има неколку вакцини на пазарот, првите сознанија се дека мутацијата не влијае на ефикасноста на вакцината“, вели Кунгуловски.

Тој вели дека за разлика од обичниот грип, за коронавирусот нема да биде потребно сезонско вакцинирање.

„Добрата работа е за разлика од инфлуенца, од грип вирусите,овој вирус еволуира многу побавно и тоа има големо влијание врз дизајн на вакцини, бидејќи знаеме за инфлуенца треба сезонска вакцина, за овој не знаеме, но најверојатно нема да има потреба од сезонска вакцина“, вели Кунгуловски.

Кунгуловски порачува дека треба да бидеме во постојан мониторинг и постојана фаза на претпазливост.

„Досега се детектирани илјадници мутации во коронавирусот и најмногу од нив се неутрални, немаат никакво ефект“ , вели Кунгуловски.

За пациентот каде беше лоциран британскиот сој, тој вели дека не сака да коментира, но дека сепак вирусот се пренесува преку контакт, без разлика дали пациентот бил свесен за тој контакт преку кој го добил вирусот.

„Знаеме дека во самиот вирус се акумулирани неколку мутации, за секој позитивен пациент се детектираат три делови од коронавирусот, меѓу кои се детекрира и спајк протеинот и ние откривме некои недоследности кај пациентот. Тоа не наведе дека најверојатно има некаква мутација во спајк протеинот“, вели Кунгуловски.

Тој се надева дека многу лесно ќе биде да се имплементираат вакви методологии и во другите лаборатории.

Би можело да ве интересира

Клиника „Жан Митрев“ 24 години – еден милиони прегледи и 400.000 успешни приказни

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Кривичен не му го врати пасошот на Жан Митрев за да оди на конгрес во Фрнакфурт

Катерина Ѓуровски

Холанѓани ја купуваат клиниката, Жан Митрев останува менаџер

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски