Божиновски: СДСМ и в.д градоначалникот Георгиески спроведуваат чиста изборна корупција и поткуп на гласачи

Од:

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид обвини дека СДСМ и в.д градоначалникот Константин Георгиески спроведуваат чиста изборна корупција и поткуп на гласачи.

„На денот кога се распишаа претседателските и локалните избори се случува брутална партизација. Уште пред да почне изборниот процес истиот е деградиран.
Масовното вработување во јавните претпријатија непосредно пред локалните избори го имавме минатиот месец со 70 вработувања, а сега со над 25 нови во ЈП „Проаква“ и над 15 нови во другите јавни претпријатија.

Георгиески да одговори дали заедно со директорите спроведуваат брутална партизација во јавните претпријатија?

СДСМ и Георгиески пред да дојдат на власт кажуваа дека администрацијата и јавните претпријатија се преполни. Ветуваа дека нема да има партиски вработувања, туку еднаков пристап на секој граѓанин до секое работно место, за сега да гледаме како администрацијата и јавните претпријатија се полнат со партиски лица од СДСМ“, изјави на денешната прес-конфренција, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Божновски вели дека ова е уште еден доказ дека СДСМ нема намера да реализира ниту еден проект, туку само ги интересира криминал, тој исто времено на денешната прес-конфренција го повика Георгиески да се одважи од партиските наредби и да застане на страна на сите граѓани на Охрид.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје