Божиновска: ДКСК да постапи по незаконското поставување на Велковски за секретар на Град Скопје

Од:

Огромен скандал е назначувањето на Ѓоко Велковски за секретар на Град Скопје од страна на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ. Поставувањето на Велковски на оваа позиција е очигледно прекршување на законите, односно спротивно на член.44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси рече на прес конференција советничката од СДСМ во Град скопје Лилјана Божиновска.

– Велковски во исто време е и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Чаир, за што добива месечен надомест од околу 18.000 денари. Неговата плата во Град Скопје е околу 50.000 денари, што значи дека Велковски од парите на граѓаните месечно добива околу 68.000 денари. Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по ова очигледно прекршување на законите, случајот да биде расчистен а одговорните да бидат соодветно санкционирани согласно законите. Велковски мора или да биде разрешен од функцијата Секретар на Град Скопје или да го врати советничкиот мандат, а Арсовска мора да одговара за ваквото незаконско и самоволно постапување вели Божиновска.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!