Бошкоски се пожали дека „алфите“ биле груби, го пцуеле и му се заканувале, сведочеше советник од омбудсманот

Од:

Кирил Ефремовски, советник во Канцеларијата на народниот правобранител, на денешното сведочење за предметот „Тортура“, рече дека при неговиот разговор со Бошкоски, тогашниот притвореник се пожалил на однесувањето на полицајците кои што го апселе и на определувањето притвор.

„Рече дека полицајците ги пречекориле овластувањата, се однесувале грубо, со пцовки и закани“, рече Ефремовски пред судот.

Бошкоски не се пожалил на третманот во затворот, туку само на апсењето и на одлуката на судот. Денеска сведочеа тројца сведоци, меѓу кои, затворскиот психијатар и општ лекар.

На следното рочиште за 10 мај меѓу поканетите петмина сведоци, треба да сведочи и ексдиректорот на Бирото за јавни набавки, Митко Чавков, за кого судијката Александра Ристеска ќе побара согласност да биде донесен од притвор во судот за да сведочи.

Во предметот „Тортура“, обвинети се 6 полициски „алфи“ и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков за нечовечко постапување при апсењето на Љубе Бошкоски, лидерот на „Обединети за Македонија“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов