Бошкоски: Ниту сум нарачал, ниту сум помислил некогаш, а најмалку сум убил некого

Од:

„Ниту сум планирал, ниту сум убил, а најмалку пак сум дал согласност да биде некој убиен. Совеста пред моите три деца и сопругата, како и пред целата јавност ми е чиста. Навикнав постојано да ме обвинуваат и само да се бранам“. Вака Љубе Бошкоски кажа пред судот за обвинувањето во процесот „Ровер“, односно дека помагал во убиството на Марјан Тушевски.

„Овој судски процес нема никаква врска со правото, туку со нарачано сценарио од „власта во заминување“ која еднаш ме направи предавник со помош на Латас во случајот со Јохан Тарчуловски, а сега сака профилот на бранител да ми го избрише и да ме направи убиец пред јавноста“, рече тој.

„Обвинението е измислено, и сега се настојува да добие некаков сериозен тек-нема докази, ни материјални ни нематеријални, не можеме да зборуваме за нарачател на убиство, ги немаме извршителите на наводното убиство, а најмалку па има поврзаност на нарачателите и извршителите“.

Тој кажа дека не знае ниту еден од странските државјани кои се товарат за убиството, побара судот да ги олободи сите десет обвинети како помагачи и да не ги малтретираат поради сценариото во кое тој е единствената цел.

Бошкоски кажа дека има информации и за висината на казната која е нарачана. Според него, нарачани се 15 години од власта и се бара од судот да му биде одредена таа казна. Не испушти и да каже дека сите ќе одговараат за учество во вакви монтирани процеси.

„Според светската правна пракса-Еден сведок, не е сведок. Тој не е загрозен, тој е измислен сведок, кој му се заканува, од кого е загрозен“, праша Бошкоски.

„Во ист ваков случај, утре можеме да ја повикаме министерската Г.Ј. да одговара за прикривање и за помагање на убиството на Мартин Нешковски, со заштитен сведок“ рече Бошкоски, но судијата го прекина да не ја спомнува, на што тој возврати

„Веднаш ви е страв“.

Тој побара да не се повтори како во минатиот судски процес „Кампања“ заштитениот сведок никој да не го види, па и да не знае дали воопшто тој постои или пак наместо него да зборува полициски службеник на кој му суфлираат што да каже. Бошкоски бара неговите бранители да се уверат дека таков заштитен сведок воопшто постои, посебно поради фактот што никој не е убеден во тоа.

„Како министер немам дадено усна наредба на никого, освен еднаш во Ваксинце, но бев одбиен“, рече тој и продолжи:
„Зошто за случајот „Убиство на Мартин Нешковски“ не се зема во предвид усната наредба и не е важечка, а за него пак важи, иако никогаш и не ја дал. Истото го прашуваат и од неговата партија.

„Ноторна глупост е дека кај мене дома како министер, кога имало бројно обезбедување и кога се водел дневник кој влегува и излегува да дојде Орце Коруновски и јас од дома да му дадам зелено светло за убиството на Тушевски. Ова да му гокажете на дете од четири години, нема да ве сфати сериозно. И за сето тоа ви е доказ, изјавата на заштитениот сведок, кој не знаеме и дали постои, но сепак, на сведок кој кажа дека така тоа го слушнал од сега покојниот Коруновски„, рече Бошкоски.

Бошкоски кажа дека Кирил Јанев не го знаел никогаш, за Марјан Тушевски дека го знаел, но немал никакви лични односи. Исто кажа дека Орце Коруновски го знаел, дури еднаш и го повикале на маса со неговата девојка во кафеана да седне, но тоа било се. Ниту доаѓал, ниту бил некогаш дома кај мене“, рече Бошкоски.

Го знаел како телохранител на Тодор Петров кој му го претставил како каратист, а го запознал на Деве Баир, слушал за него од муабети зашто Тодор Петров му бил кум на шурата на Бошкоски. На прашање на судијата Бошкоски потврди дека имало закани кон него од Орце Коруновски, но и дека никогаш не ги сфатил сериозно.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска