Бошкоски бара да биде испитан на полиграф заедно со заштитениот сведок

Од:

Повеќе од три часа траело испиувањето на Љубе Бошкоски во затворот во Идризово од страна на истражниот судија и обвинителката за случајот со убиството на Марјан Тушевски.

Според адвокатот Владимир Ракочевиќ, Бошкоски дал изјава и негирал се за што го обвинуваат. Тој рекол дека во ниеден случај не е поврзан со убиството на Тушевски.

Според адвокатот Ракочевоќ, Љубе Бошкоски од истражниот судија и обвинителката побарал да биде подвргнат на полиграф, но истото го побарал и за сведоците, посебно за заштитениот сведок, за да се види кој лаже, а кој ја зборува вистината.

Целото обвинение за Бошкоски се заснова на тврдењето на заштитен сведок според кого со Орце Коруновски дошле пред куќата на екс министерот, а Коруновски влегол внатре и откако излегол му кажал дека Бошкоски им дал зелено светло за убиство на Марјан Тушевски.

Бошкоски на истражителите им кажал дека целото обвинение наликува на таа од филмовите за научна фантастика и дека Коруновски никогаш не бил кај него дома, ниту па можел криминалец да влезе во времето додека бил министер за внатрешни работи и кога имало војна.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска