ВИДЕО: „Борци 1941-1945 по планините, а 2013 по улиците“

Од:

[staff name=”Катерина Цаневска Арсовска” position=”Автор”][/staff]Тргнаа трите колони на Февруарскиот марш 2013-та. Борците се револтирани зошто оваа власт нема слух и нема чувство и оние кои што се бореа за Македонија ги исфрлија безмилосно на улица.

Со транспаренти „Борци 1941-1945 во планините, Борците 2013 на улица“,  „Борците избркани на улица“, „Почит кон НОБ и борците“, „Слобода и еднаквост“, тоа се дел од паролите кои што луѓе на 80-тина година ги носат во раце и извикуваат „Смрт на фашизмот, слобода на народот“.

Дел од нив ги носат и одликувањата кои ги добија за храброста и беспоштедната борба против окупаторот. Велат и овој Февруарски марш е всушност Марш за слобода.

По улиците на Скопје се пее „Во борба, во борба македонски народе.

Централното собирање е на плоштадот „Македонија“,  за каде, од градот, иако имаа уредно барање, не им беше дозволено да се собираат. Сепак борците  одлучни дека тука ќе се соберат и  ќе го искажат својот протест.

Приближувајќи се кон плоштадот извикуваат „Уа Фашисти“.

Би можело да ве интересира

Се чистат спомениците на НОБ

Ана Ололовска

Само семејствата го одбележуваат денот на загинување на 19 тетовски партизани во Беличица

Ана Ололовска

НОБ со донација на заштитни маски за оние на кои им се најпотребни

Ана Ололовска

Наезда на мачки во НОБ, има забрана за нивно хранење

А1он

Положено цвеќе пред спомен бистата на Христијан Тодоровски Карпош во Крива Паланка

Ана Ололовска

Преживеани борци на 95 години пишуваат книга за првата жртва во НОБ

Ана Ололовска