Бонева: Однесувањето на опозицијата во Парламентот е загрижувачко

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева денеска на прес-конференција искажа загриженост за, како што рече, однесувањето на опозицијата во Парламентот.

– СДСМ и коалицијата се обидува да внесе хаос не само во работата на Собранието, туку негативните реперкусии од тоа да ги почувствуваат сите граѓани во државата, како пензионерите, социјалните случаи, бизнис-секторот, на кои многу ќе им значат парите добиени од Светска Банка, како силен поттик за нови капитални инвестиции и вработувања, изјави Бонева.

Опозициската СДСМ, според неа, ги злоупотребува позициите во Собранието при водењето на клучните собраниски комисии, Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за труд и социјална политика, и ги крши сите деловнички правила и правила стекнати со парламентарната пракса. Причина за тоа, вели Бонева, е политичка наредба од „Бихаќка“ да не се усвојуваат позитивните мерки за граѓаните на Република Македонија.

– Одговорноста за последиците од ваквото постапување индивидуално ќе ја сносат не само одговорните на комисиите, туку и СДСМ кој што ја има донесено таквата одлука, која е спротивна на интересите на сите граѓани на Република Македонија, рече Бонева.

Вчера, истакна таа, опозициските пратеници не сакаа да го стават на гласање нашиот предлог за ограничување на времетраењето на дискусиите за законот за задолжување, за кој што најавија и дека ќе го блокираат со изговор дека предлогот е спротивен на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, изјави координаторката. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ сакајќи да го откочи процесот на носење на законот предложиле да не се крши деловничката пракса, но и Деловникот за работа на Собранието. – Кршејќи го Деловникот тие започнаа со општа дебата, наместо со амандманска расправа. И во текот на вчерашниот ден неколку пати се обидовме тоа да го укажеме, вели таа.

Како што било побарано, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ доставиле и писмен предлог со кој се бара ограничување на дискусиите во општиот претрес во траење од 10 минути согласно член 89, само една реплика во времетраење не подолго од 3 минути.

– Согласно член 89 став 4 да има една контра реплика во траење од една минута. Согласно член 156 став 7 и 8 самоподносителот на амандманот да може да даде образложение и да говори по амандманот во времетраење од вкупно 3 минути. Доколку подносители на амандман се двајца или повеќе пратеници само еден од подносителите на амандманите да може да даде образложение и да говори по амандманот во времетраење од 3 минути. Ваквите предлози не беа ставени на гласање и беа оценети дека се спротивни на Деловникот на Собранието, а идентични вакви предлози изгласаа колегите за законот за бранители, рече Бонева.

Во Комисијата за труд и социјална политика, рече координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, не сакаат да се донесе и да се стави точка на дневен ред дополнетиот предлог на закон за пензиско и инвалидско осигурување, со кои што се предвидува 5 отсто зголемување на пензиите.

– Со законот за социјална заштита, кој што исто така не сакаат да се стави на дневен ред, се предвидува вработување на лица кои што до 18 години имале статус на деца без родители. Се предвидува и зголемување на 5 отсто на социјалната помош. Во овој пакет закони во Комисијата за труд и социјална политика го има и законот за работни односи, каде што се уредува забраната на дискриминација на жените работнички заради бременост, раѓање и родителство, рече Бонева.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази