Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Од:

Поради лошата здравствена состојба, Бојан Јовановски – Боки 13 е пуштен на слобода, потврдуваат извори на А1он.

Јовановски, кој издржува затворски казни за предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“ има добиено лекарски извештаи и конзилијарни мислења, кои се испратени до Кривичниот суд, кој одобрил издржувањето на затворската казна да биде во прекин.

Адвокатот на Боки 13, Владимир Туфегџиќ за А1он вели дека иако задоцнета, одлуката на Кривичен е за поздравување.

„Како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот Кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице. Ваквата одлука иако е задоцнета, истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на истата постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, вели Туфегџиќ.

Претходно, на Јовановски му беше извршена операција, со која му беше отстранет желудникот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Триесет дена притвор за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет