Богдановиќ: Мораториумот не е тајна туку акт објавен во службено гласило, немаме обврска да ставаме назнаки

Од:

Се што е издадено од Општина Центар за земјиштето спроти „Холидеј Ин“ е согласно законските процедури, вели градоначалникот Саша Богдановиќ по објавата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) дека во издаден извод од планот не назначил дека планот е под мораториум и може да претрпи измени. Изводот кој бил побаран за решавање имотно – правни работи, бил употребен за продажба на државното земјиште.

„Се додека не се донесе нов урбанистички план на сила е постојниот и изводите се од него. Таков извод издадовме за земјиштето спроти ’Холидеј Ин’. Немаме обврска да ставиме назнака за мораториумот. Мораториумот не е тајна туку акт објавен во службено гласило, а освен тоа мораториумот се однесува за одлуки што ги носи Општината, како што се неиздавање на одобренија за градење. Наша законска обврска е кога некој ќе побара извод од план да му доставиме извод од важечкиот план“, вели градоначалникот Богдановиќ.

За издадениот извод од планот Богдановиќ вели дека имал неколку средби со антикорупционерите на кои детално им објаснил зошто е издаден извод без назнака за мораториум на планот. Изненаден укажувањето на ДКСК дека тој и Советот треба да треба да се придржуваат на стандардите и нормативите со кои се обезбедува зголемување на степенот на хуманоста на живеењето.

„Ние сме единствената Општина што донесе мораториум за градење токму за да се придржуваме на стандардите и нормативите со кои се обезбедува зголемување на степенот на хуманоста на живеењето. Постојано сум во битка со оние што сакаат да градат, со институциите со Владата. Уставниот суд еднаш ни поништи мораториум па работевме за да најдеме друг модус со друга одлука да се стопираат штетните планови“, објасни градоначалникот Богдановиќ.

Тој се уште стои на ставот дека на земјиштето спроти „Холидеј Ин“ не треба да шеесеткатници без разлика чија е сопственоста. Планот трета година е во фаза на подготовка.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски