Бочварски: Во буџетот се предвидени пари за Брзиот автобуски превоз во Скопје, Арсовска да ја преиспита одлуката за откажување на проектот

Од:

Верувам дека Градот Скопје и новата локална власт ќе ја променат одлуката за запирање на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) после сознанијата кои ќе ги добијат за бенефитите од воведувањето на ваквиот превоз во Скопје, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

-Ова е проект кој е планиран неколку години и согласно одлуките во Град Скопје е поднесено барање во Владата за изнаоѓање средства за финансиска поддршка за што се завршени постапките и се обезбедени средства, а и во Собранието е поминато и одобрено задолжувањето со кредит од 70 милиони евра преку ЕБРД. Проектот е одлично оценет од меѓународните експерти дека со него се решава едно големо прашање. Затоа е добро да не се брза со таквите одлуки зашто носи многу бенефити, а и не видовме аргументи од другата страна зошто се запира проектот за брз автобуски превоз, рече Бочварски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Доколку се донесе таква одлука, додаде, таа треба да биде поткрепена врз база на студии, анализи и експертски сознанија зашто сметаме дека Скопје го има надживеано традиционалниот сообраќај и му е потребен алтернативен транспорт за кој веќе се обезбедени средства и е распишана постапка за проектирање и градба.

-Ова е проект на Градот Скопје но е финансиран од страна на државата и затоа очекувам во наредниот период да се донесат мудри одлуки. Апелирам да не се брза со одлуката, бидејќи е лесно да се набават нови автобуси, но кога ќе се стават во промет ќе направат дополнителен притисок на сообраќајот, потенцира Бочварски.

Во Буџетот за следната година, како што кажа, веќе се предвидени 246 милиони денари за воведување на брз автобуски превоз во Скопје. Тоа е сообраќајно решение со кои ќе се изгради нов систем на транспорт на патници преку кој значително ќе се намали времето на патување, а од друга страна ќе се намали и сообраќајниот метеж низ градот.

-Би сакал да нагласам дека не станува збор за набавка на нови автобуси, туку за изградба на цела инфраструктура, односно нов систем на транспортна мрежа која ќе биде одвоена од другиот сообраќај. Ќе нуди брз и ефикасен превоз со што за 50 отсто ќе се намали времето за патување и транзитирање, бидејќи најголем удел во вкупниот број на возила што сообраќаат низ градот се патнички возила и тоа околу 80 проценти. Затоа сметаме дека овој нов концепт на транспорт ќе има влијание врз намалување на употребата на возилата, како и на намалување на загадувањето. Повикуваме, Градот Скопје да ја преиспитаат одлуката бидејќи секое отстапување од ваков систем на транспорт, нема да донесе поефикасен превоз во главниот град, потенцира Бочварски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчева: Арсовска продолжува проекти на претходниот градоначалник, нема реализирано ниту еден свој

Ана Ололовска

Инспекторите на Град Скопје почнаа акција за чистење и казнување за приватни депонии

Ана Ололовска

Инспекторите и комуналните редари на Град Скопје во текот на викендот изрекоа 14 казни

Ана Ололовска

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

Катерина Павлова-Николовска

Град Скопје: СДСМ со препукувањата не им помага на граѓаните, потребни се реални и ефикасни решенија од страна на Владата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Попов: Скандалозни одлуки на Арсовска, за 10 дена менува директор и поставува разузнавач, близок до ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска