Блокиран град, нервозни граѓани, партиите не се откажуваат од автобус-митинзите

Од:

Два дена Скопје е буквално под блокада. Во желба да покажат масовност, голема поддршка и да го мотивираат членството и симпатизерите, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите кои застанаа зад Пендаровски и Сиљановска-Давкова, ја запалија партиската машинерија и ја донесоа во главниот град.

Два дена, на улиците, а посебно денеска, цело Скопје беше блокирано. Но, освен улиците пред Влада и пред ЕУ инфо центарот, затворени беа и сите околни улици. На револтираните реакции на возачите, кои требаа цели кругови да вртат за да дојдат до посакуваната цел, полицијата им одговараше дека улиците се затворени заради движењето на митингашите.

Овие реони се најпрометни, а во близина е болничкиот комплекс. Очигледно во желба за поимпресивен собир, никој не размислуваше за пореметеното секојдневие и нарушеното загарантирано право на движење на граѓаните.

Ова не беа протести, па да се покаже револт кон институции и поединци. Време е партиите да почнат да размислуваат ваквите митинзи да ги организираат надвор од централното градско подрачје, на некое поче, стадион или во некоја сала, да ги паркираат автобусите далеку од централното градско подрачје и со тоа да ги релаксираат сите кои не се заинтересорани за нивните партиски цели.

Дополнителен проблем на собирите беше стандардната слика од окупирани улици и тртоари со автобуси од сите страни на Македонија, во која симпатизерите беа носени, за да се измери поддршката и масовноста. Истите луѓе се носат на различни места, со автобуси како патувачки циркус. И за сето ова се трошат буџетски пари, кои кандидатите ги добија од државата за кампања. Иако, објаснувањето беше, дека на ваков начин ќе се спречи изборната измама и незаконско трошење пари за избори, на ваков начин само убаво се полнат џебовите на агенциите, организаторите, продукциите, а ефектот, според истражувања е мал, односно никаков.

Извесно е дека граѓаните веќе се имаат определено и пред почетокот на кампањата и многу тешко ќе некој ќе го сменат мислењето, а не посебно со одржување митинзи кои само иритираат дел од граѓаните на кои им е спречена слободата на движење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Денеска се одржува четвртиот протест „Србија против насилството“

Горан Наумовски

Десковска: Поздрав до фотографката, на митинг бев со приватно возило

Мицкоски: Ние од ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваме од ниеден човек

Татјана Ташкова

Заев: Режимот му ја зема победата на Пендаровски, доста беше претседател кој прима наредби

Мицкоски: Ова е борба дали ќе нè биде или не како Македонија

Кристијан Ландов

Силјановска од Охрид: Може да смените облека, но татковината – не, прашањето за името не е затворено

Кристијан Ландов