А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Близу 100 случаи на семејно насилство во Тетово од почетокот на годинава

by А1он29/09/2020 - 21:53756
Share0

Во текот на оваа година, заклучно со 21-септември се регистрирани вкупно 98 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои 61 дело со нанесување телесни повреди, додека во 37 била загрозена сигурноста на жртвите, бележи одделот за анализа при СВР Тетово. Од жртвите, 72 се женски лица, 30 жртви се машки лица, четворица се сопрузи, 11 мајки, девет татковци, четири поранешни сопруги, 10 невенчани сопруги, како и 28 други лица.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Во нив вкупно биле инволвирани 85 машки и 16 женски лица, од кои 29 се сопрузи, 5 сопруги, 17 синови, 3 мајки, 4 татковци, 1 поранешна сопруга, 3 поранешни сопрузи, 10 вонбрачни сопрузи и 28 други лица. Кај 85 од кривичните дела причина за семејното насилство било нервно растројсво, во 12 дела алкохолот и во 1 дело причина била дрогата, додека во 93 од вкупниот број на делата била употребена физичка сила, истакнува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во СВР Тетово, исто така, евидентирани се и 166 поплаки во врска со семејно насилство, од кои 148 со психичко малтретирање, 17 со физичко малтретирање и едно од економски мотиви.

Меѓу сторителите, опфатени со поплаките, најмногу се машки лица (136), додека најчеста причина за нив е нервно растројсво. Меѓу жртвите,пак, регистрирани се 100 женски лица и 69 машки лица, меѓу нив 24 се деца и 41 се родители жртви на семејно насилство.

Следете a1on на Youtube YouTube
mvrsemejno nasilstvotetovo

Би можело да ве интересира

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он20/09/2026 - 13:16

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 16:21

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Катерина Ѓуровски17/09/2026 - 14:29

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он12/09/2026 - 11:25

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он12/09/2026 - 09:41

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео