Фондот за здравствено осигурување денеска доби благодарница од Црвениот Крст на Македонија, по повод одбележување 70 години постоење на оваа хуманитарна организација.
– ФЗОМ, како институција која ги штити интересите на осигурениците во остварување на правата од здравственото осигурување, од годинава е носител на проектот на Владата на Република Македонија „Унапредување на крводарителството во јавните институции“, и започна своја реализација во 2015 година. Примарната цел на проектот е унапредување на крводарителството во јавните институции преку давање сопствен пример, но и обезбедување на потребните крвни единици во земјата, се наведува во соопштението на ФЗОМ.
Свеста за крводарителството, велат од ФЗОМ, како хуман чин треба да се зголемува преку сопствениот пример, имено, преку крводарителски акции во јавниот сектор сакаме да влијаеме на свеста на јавноста за крводарителството.