БЈБ, а не УБК ја водело акцијата за лишување од слобода на Лубе Бошковски, тврди одбраната на Мијалков

Од:

Лубе Бошковски е тој што го определил времето и местото кога и каде ќе бидат преземени мерки за почеток на акцијата за негово лишување од слобода, (јуни 2011) колку тоа ќе трае, односно каква ќе биде одлуката на тие кои ја водат и колку и какви ресурси ќе се употребат, посочија од одбрана на обвинетиот Сашо Мијалков, во завршите зборови за случајот „Тортура”. Адвокатот Петар Василев, истакна дека доказите потврдиле дека БЈБ, како дел од МВР, а не УБК било овластено да ја планира, организира и изврши акцијата за лишување од слобода на Бошковски онака како што е проценето. За тоа според него е доказ и утврдена хиерархија на делот од МВР во која припаѓа единицата „Алфа”.

– Тоа значи било невозможно единицата „Алфа” да биде командувана од УБК, нејзините раководни лица или Мијалков. Така е затоа што за сите активности за која била ангажирана било задолжително одборението од началникот на СВР Скопје, Апостол Стојановски. Во текот на истрага јавниот обвинител воопшто не го сослушал Апостолски, за да дознае кој побарал согласност единицата „Алфа” да се употреби при лишување од слобода на Бошковски. Дали тоа е Мијалков или некој друг од УБК, а ако е друг кој е тој, зошто обвинителот не кажа, може само да се претпоставува, рече Василев.

Сведокот Апостол Стојановски, како што изјави во своите завршни зборови адвокатот Петар Василев, на предлог на одбраната кажа дека како логистика на БЈБ, согласнот за употреба на единицата „Алфа”, дал тој.

– Тој кажа дека по барање на Одделениот за организиран криминал на БЈБ, дал согласност да се употреби единицата и веднаш дал наредба нејзиниот командант, обвинетиот Анчевски, да се упати во Одделот за организиран криминал во МВР, да прими задача. Доказите потврдија дека акцијата ја воделе, планирале и во неа учествувале исклучиво вработени во БЈБ. Бидејќи тие докази не потврдија никакво учество на Мијалков во наводното планирање на таа акција, или дејствија на било какво потикнување на било кога како таа да се врши или што да се употреби при лишувањето од слобода на сторителот на делото, јавниот обвинител на долго и широко и по свое наоѓање наведе низа свои претпоставки засновани врз строго селектирани докази, наведе Василев

Би можело да ве интересира

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

ВИДЕО: Со ослободувањето на Мијалков и „алфите“, судијката Александра Ристеска ја демонтира третата „бомба“ на Заев

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: „Алфите“ кои го апсеа Бошкоски со пиштол на образ си честитаа слобода со Мијалков

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Лапе: Ваквата пресуда испраќа порака дека начинот на кој е уапсен Бошкоски е дозволен и законски

Кристијан Ландов