Билјана Ивановска предложена за претседател на Антикорупциска комисија

Од:

Од седумте најдобро рангирани кандидати за Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска e предложена за претседател на Антикуропциска комисија. Како што образложи претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, таа иако немала најмногу бодови според рангирањето, била единствена од седумте која конкурирала за претседател, додека другите аплицирале само за членови.

За членови на комисијата се предложени Владимир Георгиев, Софка Пејовска-Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемши Салаи.

Со најмногу бодови на ранг-листата е Владимир Георгиев со 100 бода, кој досега бил државен советник во ДКСК, а веднаш по него со 98, 17 бодови е Пејовска-Дојчиновска која во комисијата работела како генерален секретар.

Во текот на денот, се очекува членовите да бидат избрани на пленарна седница во Собранието, а потоа и да се распишат претседателските избори.

Кандидатите за членови на ДКСК првпат беа интервјуирани јавно од страна на седумчлена комисија и со можност за поставување прашања од новинари и претставници од граѓанскиот сектор.

Изборот на новата антикорупциска комисија е со задоцнување од речиси цела година, по скандалот со патните трошоци поради кои седум члена од претходниот состав поднесоа оставки.

 

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски