Бесиан Ахмети, внукот на Али Ахмети, отповикан од амбасадата во Брисел

Од:

Бесиан Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, е разрешен од функцијата прв секретар на амбасадата на Македонија во Брисел. Решението за негово разрешување беше донесено од страна на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, на барање на Министерството за економија и труд, каде моментално е вработен Ахмети.

Ахмети најверојатно ќе ја напушти позицијата до 1 септември, две години пред предвидениот крај на неговиот мандат. Тој беше испратен во Брисел во 2023 година со 4 годишен мандат, но наместо до 2027, тој во земјава треба да се врати следниот месец.

Од Министерството за надворешни работи соопштија дека одлуката за разрешување е донесена во рамки на обичната административна процедура и по барање на соодветното министерство. Потенцираат дека ова не е поврзано со правните предизвици со кои се соочува Ахмети, туку со неговите професионални перформанси и резултатите во рамките на неговите обврски.

„На барање на министерството за економија и труд, МНР вчера донесе решение со кое на Бесиан Ахмети му завршува мандатот како прв секретар во Амбасадата во Брисел“, изјавија од МНР.

Ахмети е дел од истрагата за злоупотреба на концесиите за минерални суровини, иако ова не е наведено како причина за неговото разрешување. Министерството за економија и труд објасни дека разрешувањето е резултат на недостатокот на конкретни достигнувања во неговата работа.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

Унгарија му сврте грб на Брисел: „Не сметајте на нас“

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир