(ВИДЕО) Ахмети размислува да се пензионира, го предомислуваат сопартијците: за Македонија вели треба да оди на предвремени избори

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, откри дека размислува за повлекување од активната политика по 25 години поминати на политичката сцена.

Во интервју за РТВ21, Ахмети зборуваше за својата политичка иднина, но и за состојбите во ДУИ, при што призна дека сè почесто размислува за пензионирање.

„Искрено, јас лично размислувам за тоа, бидејќи зад мене се 25 години политика и историја. Животот во постојани активности и со состаноци носи свое оптоварување“, изјави Ахмети.

Сепак, лидерот на ДУИ додаде дека неговите сопартијци и соборци сметаат дека сè уште не е време за негово повлекување и дека неговото присуство во политиката и натаму е потребно.

Ахмети се осврна и на кадровското освежување во партијата, посочувајќи дека повеќе од 83 проценти од раководството на ДУИ сега го сочинуваат нови и млади лица.

Во гостувањето во емисијата „Click Plus“ на РТВ21 во Приштина, Ахмети говореше и за политичката ситуација во земјата, оценувајќи дека најдобро решение би биле предвремени парламентарни избори.

Според него, изборите се потребни за да се создаде нова политичка клима и да не се дозволи состојбата дополнително да се влошува.

„Треба да се промени климата. Секако, мислам дека и македонската партија на мнозинството сфача дека работите не одат добро. Треба да се внимава при изборот и да се почитува мнозинството Албанци, а најдоброто решение би биле предвремените избори. Ако се одржат утре, ние сме подготвени“, рече Ахмети.

Тој оцени дека предвремени избори најверојатно нема да има оваа година, туку наредната, но порача дека ДУИ е подготвена да учествува без оглед на тоа кога ќе бидат распишани.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он

ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт

Горан Наумовски

По 24 години, Ахмети првпат го постави државното знаме во својата канцеларија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Непријателите на Албанија ги иницирале протестите вели Ахмети, ги спомна Грција и Белград

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари