ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување

Од:

Обвинението против Артан Груби повторно ги зовре страстите во ДУИ, а во јавноста се отвора прашањето дали најавите на Али Ахмети за повлекување од активната политика имаат врска со случајот.

Од ВЛЕН велат дека најавите на Ахмети не се случајни и оценуваат дека во ДУИ постои страв од тоа што би можел да каже Груби.

„Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. Приказни за мали деца“, велат од ВЛЕН.

Од партијата повторно го нарекуваат Груби „црна кутија“, оценувајќи дека неговото присуство или отсуство може да влијае врз идните политички разврски во ДУИ.

„Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и теми со кои директно или индиректно го адресира Груби“, додаваат од ВЛЕН.

Во соопштението се посочува и улогата на Ислам Абази, за кого од ВЛЕН велат дека може да биде важен за идните случувања во ДУИ.

„Очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола. Односно, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан“, стои во реакцијата.

Од ВЛЕН оценуваат дека за Ахмети „допрва доаѓаат тешки времиња“.

„Угоре високо, удолу длабоко“, порачуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Сведок на судењето за „Државна лотарија“: Како членови на УО требаше да се изјасниме за набавката на ВЛТ терминалите, за постапката дознав по нејзиното завршување

Одбраната на обвинетите во „Лотарија“ тврди набавката на ВЛТ-апаратите е потврдена со финансиските планови и планот за јавни набавки

Сведок на судењето за „Лотарија“: Управниот одбор не донел конкретна одлука за набавка на ВЛТ-терминалите

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Огномет, факели и еуфорија за Артан Груби кој излезе од домашен притвор

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!