Беса: Го прифаќаме францускиот предлог, за време на уставните измени, да се отстрани „20%“ и да пишува албански јазик

Од:

Движењето Беса будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата по францускиот предлог, велат од оваа партија.

Уште еднаш го потврдуваме ставот, велат од Движењето, дека интеграцијата на земјата во Европската Унија е единствената опција без друга алтернатива за иднината на Северна Македонија.

„Движењето Беса е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето Беса уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата. Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на уставот, ќе побараме терминологијата ‘јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението’ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот ‘албански јазик’“, потенцираат во соопштението од Движењето Беса.

„Уште еднаш нагласуваме дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата, затоа го повторуваме нашето барање за организирање на предвремени парламентарни избори во државата“, се додава во информацијата од оваа партија.

Би можело да ве интересира

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Цел мандат ли ќе барате подобра преговарачка позиција: Како „модерни“ Македонци не влегуваме во ЕУ – Филипче и Мицкоски за евроинтеграциите

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on