Белели: Се надеваме дека ќе има договор, ЕУ и натаму ќе помага

Од:

Италијанскиот амбасадор во Македонија Ернесто Масимо Белели денеска изрази загриженост поради непостигнувањето договор меѓу четирите политички партии за отворените прашања од договорот од Пржино, но потенцираше дека напорите на ЕУ ќе продолжат до конечно спроведување на договорот.

– Секако дека сме длабоко загрижени бидејќи нема напредок. Се надеваме дека ќе биде изнајден договор. Ќе продолжиме да посветуваме внимаваме на состојбата. Европски експерти за олеснување им се на располагање на Владата и на политичките партии, изјави амбасадорот Белели.

Ние, додаде Белели, ја сметаме Македонија за дел од Европа. – Затоа ја сакаме земјата заедно со нас и не сме подготвени да ја оставиме. Значи, нашите напори ќе продолжат до финализирање на договорот, рече италијанскиот амбасадор.

Белели денеска заедно со градоначалникот на Скопје Коце Трајановски во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години „Порака“ присуствуваше на отворање на реновирана работилница за спортски и креативни активности.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски