Бејли: Владеењето на правото и борбата против корупцијата клучни предуслови за за евроатлантска интеграција

Од:

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска рече дека САД ги поддржуваат заложбите Македонија да стане развиена и просперитетна демократија и дел од евроатлантските структури. Според него еден од главните предуслови за тоа е владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Бејли денеска во Тетово одржа предавање за борбата против корупцијата пред управата, професорите и студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа.

– Постоењето на корупцијата ја намалува довербата од граѓаните за власта, ги прави институциите слаби и ранливи на притисок и ја ослабува и намалува економијата, а во случајот со Македонија го загрозува и нормалното одвивање на процесот во придружување кон евроатлантските структури, рече Бејли.

Тој напомена дека корупцијата ја има во сите општества, но дека сите делови од општеството треба да се борат со оваа појава, а како главни чинители ги наведе политичкото водство со силна и изразена волја за борба против овој феномен, градење силни институции без политичко мешање и активно граѓанство.

– Во основа се се сведува на тоа граѓаните лично да решат повеќе да не бидат дел од коруптивниот круг, бидејќи според информациите од претставничката на УНДП во Македонија Луиза Винтон 30 отсто од митото граѓаните го понудиле, без тоа некој да го побара од нив, рече амбасадорот Бејли.

Тој во своето обраќање наброи примери на откриена и санкционирана корупција во САД, Индија, Кенија и други земји, а во однос на Македонија го спомена и вчера потпишаниот документ за борба против корупцијата од страна на премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Трамп ги запре нападите врз Иран по предупредувањата од американската војска

Блинкен предупредува: САД го губат глобалното влијание, а Кина ја презема довербата во светот

Трамп собира војска; Дали се подготвува пекол?

Ирански генерал: „САД против нас го искористија сето оружје што го чуваа за третата светска војна против нас“.

Предраг Петровиќ

Иран: „Хаосот што може да следи нема да биде ниту убав ниту мирен“

Началникот на американскиот Генералштаб: Русија не е пријател на САД