Бејли: Неопходно е нормално работење на СЈО и спроведување на Пржинскиот договор

Од:

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли смета дека е добро политичките партии и сите институции да работат на отстранување на пречките за нормално работење на Специјалното јавно обвинителство и да продолжи спроведувањето на Пржинскиот договор.

– Ги поттикнуваме сите политички партии и институции да работат на отстранување на сите пречки за СЈО. Тоа е многу важно за воспоставување одговорност за прислушувањето и разговорите кои произлегоа од него, изјави амбасадорот Бејли при неговата денешна посета на мегалитската опсерваторија Кокино каде што најави инфраструктурни реновирања на локалитетот, финансирани од УСАИД и Владата на Швајцарија преку проектот за експанзија на мали бизниси и локалната акциска група Абер 2015.

Во исто време, додаде Бејли, многу е важно и нормалното работење во Парламентот.

– Како што кажа Европската унија вчера, одговорноста на партиите е да продолжат да го спроведуваат Пржинскиот договор и да ја движат Македонија кон членство во ЕУ и НАТО, рече американскиот амбасадор Џес Бејли.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов