Амбасадорот на САД Џес Бејли на својот профил на Твитер денеска напиша дека минатата ноќ е постигнат значителен напредок и оти тоа ќе ја придвижи земјата напред.
– Значителен напредок е постигнат минатата ноќ во исполнувањето на договорот од Пржино придвижувајќи ја земјата напред. Откако ќе се донесат новите закони, важно е фокусирање на нивното имплементирање, посебно на Изборниот законик.САД и меѓународните партнери се подготвени да помогнат, напиша американскиот амбасадор Бејли на Твитер.