Пливачкиот базен во состав на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ од денеска ќе има редовно годишно сервисирање со кое ќе биде опфатена генерална дезинфекција и дезинсекција, а ќе се спроведе и промена на водата во базенот.
Базенот за сите граѓани ќе биде промотивно отворен на 15 јануари.
– Останатите спортски содржини кои се во состав на овој Спортски центар, нема да работат од 1 до 7 јануари и ќе бидат достапни за граѓаните од 8 јануари, информираат од СЦ „Борис Трајковски“.