ВИДЕО: Баџанакот на Талат Џафери избран за член на антикорупциска

Од:

Нури Бајрами еден од новоизбраните членови на Антикорупциска комисија е баџанак на собранискиот спикер, Талат Џафери. Тој смета дека нема ништо спорно во неговиот избор и вели дека нема да потклекне под никакви притисоци и според него ваквата релација со Џафери, нема да бидe пречка во понатамошната работа.

На прашање дали според него вработување во државна институција на блиски членови на семејството на претседателот на Собранието е случај со кој треба да се занимава Комисијата, Бајрами вели дека треба.

Објаснувањето на Бајрами, е дека тој сепак не е во роднинска врска со Џафери, дека спикерот не бил член на комисијата која ги бираше кандидатите и додаде дека законот регулира во кој случај треба да има изземање за да нема судир на интереси.

Антикорупционерот неколкупати се обиде да ги убеди медиумите дека ќе работи чесно и професионално и дека ќе го докаже тоа со својата работа во комисијата, откако претходно заедно со останатите членови на комисијата, дадоа свечена заклетва и ветија безкомпромисна борба против корупцијата, а претседателските избори ќе бидат еден од првите тестови за нивната работа.

Претходно со 65 гласа „за“ и 10 „воздржани“ беше избрана новата антикорупциска комисија.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев