Бачев: Русија не ни заби нож во грб, туку Иванов

Од:

Признавањето на новото уставно име од страна на Русија не е ништо невообичаено. Русија не ни заби нож во грб, Русија ги почитува одлуките и политиките на самите држави, а политиката на оваа власт е сојужништво со НАТО и ЕУ, вели за А1он лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев, по вчерашното признавање на новото уставно име, Северна Република Македонија од страна на Русија.

Според Бачев главна причина поради која Русија ја призна Македонија под новото уставно име е тоа што претседателот Иванов не го актуелизирал проблемот со името во Обединетите нации како и недоволната ангажираност на самите граѓани против промена на уставното име.

– Ѓорге Иванов се плаши да го актуелизира прашањето во ОН. Русија не и го сврте грбот на Македонија. Русија си ја цени својата политика, своите интереси, ние како Македонци не сме спремни сами да ги браниме нашите интереси, не видовме позначајни протести кои ќе ја спречат промената на името. Никој не треба да биде позагрижен за националните интереси колку сопствените граѓани, разочарување е и Иванов кој беше молен од Русија да го актуелизира прашањето во ОН, но не го стори тоа, вели Бачев.

Лидерот на ЕМ истакна и дека во изминатиот период „прозападните“ медиумите намерно спинувале дека Русија со пушки и тенкови е подготвена да го брани името на РМ е со цел потоа да дојде до разочараност кај граѓаните дека Русија и забила нож во грб на Македонија.

-За разлика од Америка, Русија не игра насилно туку го почитува меѓународното право. Признавањето на новото име е изненадувачки е за обичниот народ бидејќи се створија преголеми очекувања, поради лажната надеж. Таа пропаганда успеа да ја оцрни и нашата идеја. Ние не сме руска, туку македонска партија која се бори за македонските интереси. Сакавме да покажеме дека во светот има други модели и дека не се завршува се во Брисел и Вашингтон. Има други организации кои не не негираат. Како партија остануваме на нашите ставови, а тоа е стратешко партнерство со Русија, рече Бачев.

Тој ги повика граѓаните на следните парламентарни избори да ја дадат поддршката за неговата партија ветувајќи дека доколку дојде на власт веднаш ќе упати писмо до Москва за подобрување на односите бидејќи, како што вели, Русија тоа го очекува.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска