Бачев му пиша на Иванов: За Македонија се работи, имајте храброст и испратете паралено писмо со она на Заев до ОН

Од:

Верувам дека ги слушнавте информациите дека Зоран Заев ќе испрати писмо до Обединетите нации со кое ќе побара сите држави-членки на ОН да го користат името Република Северна Македонија вклучувајќи ги и оние преку 140 држави што не признаваат под уставното име. Кога Зоран Заев ќе испрати писмо до ОН, ќе се согласите дека е потребно и вие да испратите паралено писмо со кое ќе ја разјасните состојбата на меѓународен план со промената на името и ќе ги запознаете членките на ОН дека Договорот за промена на името е ништовен според домашното и меѓународното право, стои во дел од писмото кое Јанко Бачев го испрати до претседателот, Ѓорге Иванов.

„Според Виенската конвенција за договорно право со која меѓународното право доби „договор за договорите„ (the Treaty on Treates), за валидноста на еден меѓународен договор, за кој се подразбира слободна согласност без уцени и закани, потребно е да бидат исполнети два општи услови, прво, да биде склучен од страна на надлежни органи и второ, да постои дозволен предмет на договарање, а во случајот не е така.

Исто така, ќе информирате дека не е почитуван резултатот од реферндумот на 30 септември, не е потпишан указот, уценети и купени пратеници гласаа за уставните зимени, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија не стојат зад било каков договор меѓу Република Македонија и Република Грција за промена на македонското име и идентитет.

Севкупно, имаме ситуација која би можела да доведе до меѓународно недоразбирање (international friction), и во таков случај вие треба да побарате тоа да биде испитано на седница на Советот за безбедност на ОН на која и вие би учествувале бидејќи секоја држава – членка на ОН која не е членка на Советот за безбедност, може да учествува без право на глас во расправата кога нејзините интереси се засегнати.

Во преписката со Обединетите нации Вие имате посилна позиција од Заев имајќи ја предвид и домашната практика. Собранието на Македонија на седницата од 29 јули 1992 донесе одлука за стапување во членство во ОН и притоа го овласти претседателот Киро Глигоров да го поднесе барањето за членство во ОН. Глигоров ги водеше и сите разговори/преговори за разликата околу името и за членството во ОН, а не тогашната влада на Бранко Црвенковски.

Оттука, може да се изведе аргументот дека Вие како претседател имате примарно и посилно право од Заев да се појавите пред Обединетите нации“, стои во писмото на Бачев.

Договор за промена на името е ништовен, велат од Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Ројтерс: НАТО нема да го исполни предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана

НАТО бара детална истрагата за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“