Бачев: Бејли и Стивенсон вршат притисок врз пратеници заклучени во Собрание

Од:

Дејвид Стивенсон на барање на американскиот амбасадор Џес Бејли држи тројца пратеници заклучени во Собрание, обвини лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, на протестите пред законодавниот дом.

„Пред 15 минути ни стигна информација дека седницата е одложена, а тројца пратеници не ги прифаќаат барањата на Беса. Тие биле заклучени во Собранието и дошол Стивенсон да им врши притисок. Ова е државен удар“, обвини Бачев.

Тој побара итно да дојде јавниот обвинител и да даде налог за апсење бидејќи се врши притисок врз тројца народни избраници.

Дополнително, Бачев го повика и претседателот, Ѓорге Иванов, да дојде и да не молчи, бидејќи, како што рече, во Собранието се случува државен удар.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска