Австрија, Словенија и Чешка го поддржаа португалскиот план за решавање на спорот со Бугарија

Од:

Нашата зедничка посета на Македонија има цел да испрати јасна и гласна порака дека сериозно го цениме напредокот кој земјата го направи до сега во процесот на пристапување кон ЕУ. Почетокот, всушност на вистинските преговори за членство на Северна Македонија одамна доцни и Чешка, Австрија и Словенија, како и други истомисленици меѓу земјите членки на ЕУ силно ја поддржуваат иницијативата на португалското претседателство со Унијата да се организира првата меѓувладина конференција во јуни. Не смее да има нови одложувања.

Ова денеска го порача чешкиот министер за надворешни работи Јакуб Кулханек кој е во посета на земјава, во својство на еден од претставниците на неформалната групата земји членки на ЕУ „Ц5. Ова, рече тој, е навистина одлична група од пријатели.

„Западниот Балкан е многу важно прашање за претстојното претседателство на Словенија со ЕУ. Сакаме прашањето за земјите од Западен Балкан да го внесеме на врвот на дневниот ред во ЕУ. Ви честитам за работата што ја завршивте во последните години за да ги исполните сите барања на условите на Европската Унија, сега е ред на ЕУ да испорача“ – рече министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар.

Тој посочи дека денеска во својство на претставници од неформалната група земји – членки на ЕУ „Ц5“, се тука да ја презентираат дискусијата од Советот за надворешни работи и да дознаат за напредокот на земјата што е постигнат со соседна Бугарија.

„За нас целосното членство на Северна Македонија и Албанија, но и сите земји на Блаканот е наш стратешки интерес. Тоа е наше непосредно соседство, во политичка, културна и економска смисла. Ние имаме половина милион граѓани во Австрија со семејно потекло од Западен Балкан, па така имаме многу силни човечки врски меѓу нас, порача министерот за надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг.

Австрија, вели тој, беше горда што можеше да биде заедно со нас во Европската Комисија и што можеше да му помогне на регионот во механизмот за делење на вакцини со првата пратка на „Фајзер“, затоа што, како што рече, тоа е тоа што беше споменато „во случај на потреба, секогаш може да сметате на вашите партнери во ЕУ“.

Неформалната група Ц5, но и соодветно на географската близина, Австрија, Чешка, но и Словенија како следен претседавач со ЕУ и останатите земји од оваа група претставуваат непосредно соседство на Западниот Балкан, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој вели дека денешната посета е навремена односно точно 30 дена пред да се одржат јунско-јулските состаноци во ЕУ.

„Ние денеска не го усогласувавме нивниот став затоа што нивниот став по однос на европските интеграции на регионот и на Северна Македонија одамна е познат. Јас денеска побарав и добив силни пораки на согласност од колегите дека оваа нивна енергичност, овој напор и гласност во рамки на Унијата ќе продолжи. Во овој условно асиметричен спор со кој се соочуваме се разбира ни се потребни пријатели за да ни озвоможат и фер платформа, и фер политички простор за да можеме преку дијалог да ги отстраниме пречките за продолжување на нашите европски интеграции“,

рече Османи.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија