АВМУ: Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро реагира на етикетирањето на уредувачката политика на одредени медиуми од страна на премиерот Димитар Ковачевски и потенцира дека носителите на јавни функции треба да се воздржат од искажување лични, субјективни ставови со кои се поткопува слободата на медиумите велат од АВМУ.

– Носителите на јавни функции треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и за тежината на секој нивен јавно искажан збор. Наместо да употребуваат наративи со кои се дискредитираат и се врши притисок врз медиумите, тие треба да бидат пример за одговорно и професионално однесување. Истовремено, Агенцијата потсетува дека улогата на медиумите е да информираат и да отвораат прашања кои се предмет на јавен интерес, поради што сите релевантни чинители во државата треба да вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за јакнење на слободата на медиумите и на уредничката независнот и самостојност се наведува во реакцијата од АВМУ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски и Груби се во паника, 10 пратеници од власта нема да гласаат за уставни измени тврди ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Ковачевски – Бербок: Нова конкретна поддршка од Германија за следниот исчекор на С. Македонија во евроинтеграциите

Ана Ололовска

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ не поддржа ниту една одлука за членство во ЕУ, ниту договорот со Фронтекс

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Павлова-Николовска

Ковачевски за митингот на ДУИ: Тоа се нормални активности што ги прави секоја политичка партија

Ана Ололовска

Ковачевски во Охрид: Тешките и државнички одлуки се оние кои носат прогрес за земјите и за регионот

Катерина Павлова-Николовска