АВМУ со прекршочни пријави против два радиодифузери за неусогласено емитување на платена пропаганда за референдумот

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатираше дека по јавното укажување од 14 септември, два радиодифузери од оние кои се предмет на надзор за начинот на покривање на референдумот не го усогласија емитувањето на платената јавна пропаганда со Упатството за медиумско претставување за време на референдум.

1ТВ не го почитуваше дозволеното време за емитување на рекламните пораки „ЗА“ референдумот, а ТВ Сонце рекламните пораки за „БОЈКОТ“ на референдумот, спротивно на правилата, ги емитуваше во повеќе изданија на посебни информативни програми. Против двата радиодифузера, Агенцијата ќе покрене прекршочни постапки за прекршувањата констатирани во периодот од 15 до 20 септември 2018 година. Извештаите од надзорот се достапни на веб страницата на Агенцијата www.avmu.mk.

Дополнително, проверката на почитувањето на правилата за емитување платена јавна пропаганда во овој период, покажа дека кај неколку радиодифузери, на 20 септември 2018 година, има отстапувања во поглед на лимитите за емитување на рекламните пораки „ЗА“ референдумот. Доколку податоците од следните денови покажат дека не станува збор за ненамерни грешки, и за овие радиодифузери ќе следат мерки согласно регулативата.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи