АВМУ: На крајот на 2016. регистрирани вкупно 134 радиодифузери

Од:

На почетокот на 2016 година, покрај МРТВ, програма емитувале уште 139 радиодифузери (66 телевизии и 73 радија), а во текот на годината престанале да важат дозволите на шест телевизиски и на три радиостаници, а беа доделени четири нови дозволи. Вкупниот број на радиодифузери на крајот на 2016 изнесуваше 134 (63 телевизии и 71 радио), покажуваат резултатите од Анализата за пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година.

Анализата, која е изработена во јули беше презентирана денеска на третиот јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од Магдалена Довлева Давидовска, раководител на Секторор за стратешко планирае и авторски права.

Таа истакна дека МРТВ во 2016 година остварила најниски приходи во периодот од последните пет години, со вкупен износ од 1,189.83 милиони денари. Најзначајно учество во вкупните приходи имала радиодифузната такса (67,50 отсто), чиј што процент на наплата изнесувал 76,54 отсто.

Од продажба на времето за рекламирање биле остварени вкупно 44,23 милиони денари, сите од рекламирање на телевизиски програмски сервиси.

Финансиското работење на јавниот сервис бил со добивка во износ од 68,70 милиони денари. На 31.12 2016 година бројот на вработените во МРТВ изнесувал 864 лица, односно 37 лица помалку во однос на 2015.

Довлева Давидовска нагласи дека вкупните приходи на комерцијалните телевизии изнесувале 1.540,19 милиони денари.

– Од нив 71,49 отсто се приходи на телевизиите кои емитуваат програма на државно ниво и преку дигитален терестријален мултиплекс, 4,28 отсто од приходите на сателитските телевизии, 8,84 отсто од приходите на телевизиите кои емитувале преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа, 12,92 отсто приходи на регионалните и 2,47 отсто приходи на локалните телевизии, додаде таа.

Довлева Давидовска истакна дека 85,75 отсто од приходите на комерцијалните телевизии биле остварени од продажба на времето за рекламирање. Највисоки проходи од реклами од терестријалните телевизии на државно ниво остварила ТВ Сител (466,15 милиони денари), од сателитските телевизии ТВ 24 вести (32, 04 милиони денари), од телевизиите преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа ТВ Нова (88,51 милион денари), од регионалните ХДТВ Мега (14,43 милиони денари), а од локалните ТВ Орбис (5,74 милиони денари).

Комерцијалните телевизии заедно потрошиле 1,675.03 милиони денари, од кои 71,57 отсто биле издвоени за создавање програма.

Финансискиот резултат од работењето на сите телевизии била загуба од 137,97 милиони денари. Речиси половина од овие средства (71,68 милиони денари) е загубата на телевизиите кои емитуваат програма на државно ниво преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа.

Просечниот број вработени во редовен работен однос изнесувал 1.358 лица.

Комерцијалните радиостаници заедно успеале да остварат приходи од 180,13 милиони денари, најголем дел од проходите биле од продажбата на времето за рекламирање (81,24 отсто). Најголем дел од своите буџети (68,71 милион денар) огласувачите ги издвоиле за рекламирање на програмските сервиси на четирите радиостаници на државно ниво.

Заедничките трошоци на радијата изнесувале 169,51 милион денари.

АВМУ работела на надградба на нејзината веб страница со дополнителни функциналности и значително олеснување на пристапот за лица со целосно или делумно оштетен вид и далтонисти.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов