АВМУ го осуди нападот врз новинарска екипа на ТВ 24 Вести

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) го осуди вчерашниот напад врз новинарската екипа на ТВ 24 Вести во центарот на Штип и повика медиумските работници да не се попречуваат во извршувањето на нивната работа.

– Агенцијата за сите претходни напади врз медиумските работници неколкупати реагираше дека безбедноста на медиумските професионалци во ниту еден случај не смее да биде загрозена. Агенцијата повторно апелира да не се попречува работењето на медиумите и медиумските работници да се остават достоинствено да ги извршуваат своите професионални обврски, соопшти АВМУ.

Случајот е евидентиран и во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи. Бил пријавен вчера попладне во полициската станица Штип од страна на новинарот ТВ 24 Вести.

– При обид да ги снимаат дуќаните во Трговскиот центар Штип, а во врска со градежни работи кои таму се изведуваат, вработен од агенција за обезбедување почнал да им се заканува и да ги брка. По нивно кажување, тој им ја оштетил камерата. Полициски службеник од СВР Штип ги упатил настанот да го решат со приватна тужба, соопшти денеска МВР.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов