Артан Груби на традиционалниот Молитвен појадок во САД

Од:

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања и организациски секретар на Демократската унија за интеграција Артан Груби, на покана од Американскиот Конгрес, повторно ќе присуствува на традиционалниот Молитвен појадок во Вашингтон, САД, на кој ќе учествува американскиот петседател Доналд Трамп и лидери на многу други земји.

Груби по петти пат го посетува Вашингтон во последните две години. Таму, според најавите, ќе се сретне со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Конгресот Елиот Енгел, сенаторот Џејмс Инхоф, заменик-помошникот државен секретар Метју Палмер, директорот за централна и јужна Европа на Стејт Департментот Давид Костеланчиќ, конгресменот Роберт Аделхорф заедно со други конгресмени, и ќе учествува на два форума во Американскиот сенат и на Атланскиот совет.

Пратеникот Груби е претседател на Групата за пријателство помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ