Арсовски: Заев може да ги активира бомбите, ако договорот од Пржино не функционира

Од:

Преговорите очигледно ги одложува ВМРО-ДПМНЕ затоа што на нив најмногу им одговара избори да има април наредната година, но до тогаш ништо да не се испочитува од постигнатиот договор, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски, по вчерашниот неуспешен обид во Пржино меѓу политичките партии да се договори техничката влада.

Затоа што договорот од Пржино е веќе прекршен и роковите пробиени, Арсовски вели дека опозицијата треба да процени дали да продолжи со објавување на политичките бомби.

-Мислам дека во даден момент мора се процени дали овој договор во Пржино функционира или не. Ако функционира треба и двете страни да преземат обврски, но ако не функционира тогаш нема никакви обврски. За СДСМ, на пример, не се работи само за објавување на бомбите, СДСМ има и други обврски, да се врати во Собрание, да учествува во рабатата на институците. Но ако договорот не функционира, за СДСМ овие обврски повеќе не постојат – вели Арсовски.

Веќе е јасно дека политичките лидери ја враќаат Македонија назад во политичката криза со тоа што очигледно договорот не се почитува, се крши Законот за специјално јавно обвинителство, се оспорува истиот пред Уставен суд, се одложува изборот на министри и заменици-министри иако договорот налагаше до 20-ти октомври тоа да биде договорено и изгласано.

-Во моментов Македонија се наоѓа во некако чистилиште и тешко е да се направи напредок. Суштински малку луѓе се заинтересирани Македонија да се исчисти од корумпираното владеење, во чистењето имаат отпор. Тоа не треба да не изненадува. Меѓународната заедница не треба да се откаже. Овој фолклор со дриблање на преговорите е само фолклор, додека процесот за излез од кризата е посилен од било која локална сопка.

Странците порачуваат дека нема да се откажат. Во тоа на едната страна и велат „не губете надеж“, а на другата „џабе се обидувате да го саботирате процесот, нема да го дозволиме тоа“ – смета тој.

Арсовски вели дека суштински Македонија веќе ја има изгубено препораката за почеток на преговори и дека има големи шанси тоа и формално да се случи. Нема правен механизам, вели тој, да и се одземе на Македонија препораката, Комисијата може само да не предложи почеток на преговорите.

-Меѓународната заедница проба со фино, но мора да ни покаже што ризикуваме доколку нема политичка волја за договор. Суштински, треба да направиме чекори за повторно да ја заслужиме. Мислам дека е многу реално препораката овој пат да изостанува – предупредува тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски