(ВИДЕО) Арсовски до Заев: Дали е точно дека се потрошени 3 милиони евра за неуспешен референдум?

Од:

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го прашува премиерот Зоран Заев дали е вистина дека за кампањата за референдумот потрошиле 3 милиони евра народни пари.

„Ден по референдумот, СДСМ им должи одговор на граѓаните колку пари потрошија за кампањата за неуспешниот референдум. СДСМ со манипулативна кампања потрошија милионски суми пари на граѓаните за лични цели. Единствено важно им беше да се себепромовираат“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги праша СДСМ дали е вистина дека потрошиле над 3 милиони евра.

„Колкава сума пари потрошија за кампањата за неуспешниот референдум. Дали се работи за сума од над 3 милиони евра и повеќе, дали СДСМ преку официјална и неофицијална кампања потроши над 3 милиони евра, дали СДСМ ги користеше државните и владините ресурси на трошок на граѓаните за свои лични цели“, праша Арсовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

Европа остана без пари за војна и сака да ги земе останатите од џебовите на луѓето, вели Орбан

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа