Арсовски: Една недела молк од институциите за вмешаноста на наркокартелот Заеви во трговијата со марихуана

Од:

Кире Чипсио Спиркоски, близок човек на Оливер Спасовски и Зоран Заев, командир на полициската станица Прилеп, која е една од најголемите во градот, редовно на слики до Заев и Спасовски, беше уапсен заедно со возачот на Трајче Заев за над 800.000 евра вредна марихуана, а Трајче Заев и Бобан Заев отидени во Дубаи, а Оливер Спасовски повторно не понесува никаква одговорност рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Срамота е Оливер Спасовски да излегува на јавни настапи и да говори недоветни и нереални работи, бидејќи сите знаат што се случува во државата, а да не говори за најважното во моментов, а тоа е кога ќе си поднесе оставка од функцијата министер за внатрешни работи. Бидејќи е заглавен во криминал до гуша и повеќе таму не му е место“ – вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

Алиу: Продолжува контролата – уште три лиценци за марихуана ќе бидат одземени

Тошковски: Сите инволвирани во шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?